По натпреварот меѓу Шпанија и Мароко, во осминафиналето на Светското првенство во Катар, во кој Шпанците беа елиминирани, имаше прослави на марокански навивачи во голем број шпански градови.

Повеќето од тие прослави беа мирни, но не беше така на еден од најголемите плоштади во Мадрид, Пуерта дел Сол, каде што избија инциденти.

Во моментите додека мароканските навивачи славеа, група млади луѓе реагираа и влегоа во конфликт со нив, сметајќи дека прославата е пренагласена и провокативна.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.