Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар го назначи Бобан Грнчаров за долгорочно решение на тренерското место и со него на клупата ќе ја стартува својата втора второлигашка сезона.

Грнчаров во април беше назначен за В.Д. тренер, а под негово водство Вардар заврши третопласиран во Втората лига – запад и не успеа да се врати во прволигашкото друштво.

На поранешниот капитен на Вардар, помошници на клупата ќе му бидат Златко Таневски и Един Нурединовски, додека должноста спортски директор на „црвено-црните“ и во следни три години ќе ја извршува Александар Бајевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.