Победа за Шкупи против Вардар и нерешено на дуелот во Кавадарци е епилогот на попладневните две средби од 25. коло на македонскиот фудбалски шампионат.

Шкупи во Чаир дои победата дојде со три гола постигнати во второто полувреме, а исто така и на другиот меч стрелци погодуваа во вторите 45 минути.

Резултати на двата денешни натпревара од 25. коло на Првата македонска фудбалска лига:
Шкупи – Вардар 3:0
Тиквеш – Силекс 1:1.

Утре се играат преостанатите четири средби од ова коло. Двојките се:
Брера Струмица – Работнички
Гостивар – Македонија ЃП
Шкендија – Брегалница
Струга ТЛ – Воска Спорт.

Табела: Струга 51 бод, Шкупи 51, Шкендија 45, Силекс 36, Тиквеш 33, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27, Вардар 26, Брегалнива 22, Македонија ЃП 21



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.