Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го коментираше настапот на тимот оваа сезона по победата во финалето од Лигата на шампионите над Ливерпул (1:0).

Тоа беше неверојатна сезона, не постои начин да се опише. Јас сум секогаш оптимист, но не ни сонував дека во една сезона ќе ги освојам шпанскиот Суперкуп, Ла Лига и Лигата на шампионите, изјави Анчелоти на официјалната веб-страница на УЕФА.

Италијанскиот фудбалски стручњак синоќа ја освои Лигата на шампионите по четврти пат. Тој стана единствениот со четири трофеи во елитното натпреварување.

Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите по 14. пат. Последен пат „кралскиот клуб“ на европскиот фудбалски трон беше во сезоната 2017/18.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.