По вчерашното финале во кое Реал Мадрид ја освои рекордната 14. титула во Лигата на шампионите, Ливерпул остро реагираше на состојбата пред парискиот стадион, каде навивачи со карти не беа пуштени да влезат, беше употребен и солзавец, поради што и доцнеше почетокот на финалето.

Разочарани сме од проблемите со влезот на стадионот и уривањето на безбедносните бариери на кои наидоа навивачите на Ливерпул на „Стад де Франс“. Ова е најголемиот натпревар во европскиот фудбал и навивачите не треба да ги доживеат сцените што ги видовме вечерва. Бараме за истрага, која ќе ги открие причините за овие неприфатливи проблеми, стои во соопштението од Ливерпул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.