Косовецот Ќазим Османи Феликс, кој на јавноста ѝ е главно познат по аферите со популарни српски пејачки или како што пишуваат таблоидите, како најголемиот швалер на естрадата, е под истрага на Европол заедно со браќата Бурим, Беким и уапсениот Башким.

Ќазим стана „естраден швалер“ во 2011 година, кога првпат го поврзаа со Наташа Беквалац. Потоа, се зборуваше дека е во врска со Ана Николиќ, Дара Бубамара, Станија Добројевиќ, Сања Малетиќ, Индира Инди Арадиновиќ, Даниела Враниќ, Теодора Џехверовиќ, со ќерката на Гоца Божиновска Јелена Вучковиќ, но и со ќерката на Сузана Манчиќ – Теодора Куниќ.

Во српската јавност се шпекулира и дека преку врските со српските пејачки и старлети, не кои бил особено слаб, естрадниот швалер му ги отворил портитена српскиот пазар на семејниот бизнис – продажба на кокаин и перење пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.