Со концерт на македонски и српски изведувачи во сабота на 8 јуни на стадионот на АРМ во Скопје почнува музичката ноќ на фестивалот Скопје се Лади – Три концерти во една ноќ.

За загревање на атмосферата ќе се погрижат момците од бендот „Брас Брадерс“ кои ќе ја вжештат атмосферата со нивните брас инструменти и со нивните хитови кои одлично поминаа кај македонската публика.

Раперот Тајзи после неколку концерти низ Македонија, ќе настапи со неговите најголеми хитови на кои сите пејат и танцуваат.

И како круна на оваа вечер со 90 минутен концерт ќе настапат извонредните српски изведувачи С.А.Р.С. со добро познатите хитови: „Буџав лебац“, „Лутка“, „Ракија“, „Перспектива“ и многу други.

Билетите може да се набават во „Купи карти за се“ и на „44event.mk“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.