Светската здравствена организација денеска ќе одржи итен состанок за да разговара за неодамнешното жариште на мајмунски сипаници, вирусна инфекција почеста во западна и централна Африка, откако повеќе од 100 случаи беа потврдени или сомнителни во Европа.

Во она што Германија го опиша како најголемо жариште досега во Европа, случаите сега се потврдени во најмалку пет земји – Обединетото Кралство, Шпанија, Португалија, Германија и Италија – како и во САД, Канада и Австралија.

Првпат откриена кај мајмуните, болеста обично се шири преку близок контакт и ретко се шири надвор од Африка, така што оваа серија случаи предизвика загриженост.

Сепак, научниците не очекуваат жариштето да се претвори во пандемија како ковид-19, имајќи предвид дека вирусот не се шири толку лесно како САРС-КОВ-2.

Мајмунската сипаница е обично лесна вирусна болест, која се карактеризира со симптоми на треска, како и карактеристичен испапчен осип.

Не постои конкретна вакцина против мајмунските сипаници, но податоците покажуваат дека вакцините што биле користени за искоренување на сипаниците се до 85% ефикасни против мајмунските сипаници, според Светската здравствена организација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.