На 4 ноември во „Јавна соба“ тимот на СмартАп спроведува креативна работилница под насловот „Креираме заедно за подобра комуникација“, наменета за едукатори, родители и деца.

Целта на оваа работилница е да се детектираат предизвиците со кои децата се соочуваат при секојдневната комуникација.

Од 10 до 13 часот ќе биде реализирана работилницата за едукаторите, а од 12 до 14 часот – со родители и деца.

Вие како родители и едукатори ја имате најважната улога во растот и развојот на своите деца и ученици. Ефективната комуникација со нивните пријатели/врсници им помага да изградат висока самодоверба и чувство на припадност и солидарност, без анксиозност. Затоа, ве повикуваме да се пријавите за да бидете дел од нашата работилница и со своето искуство и знаење да придонесете кон полесно детектирање на комуникациските предизвици на децата – велат организаторите.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.