Истражувањата постојано покажуваат дека жените претпочитаат мажи кои се релативно повисоки од нив.

Мажите понекогаш се трудат максимално да ја одржуваат хигиената, да ја пронајдат должината на брадата која им се допаѓа на жените и да го усовршат својот пристап, но всушност зад сето тоа стои наука која може да даде одговор зошто ве или не ве привлекуваат одредени луѓе. И висината има значајно влијание овде.

Истражувачите од Универзитетот Чепмен спроведоа истражување меѓу 60.058 хетеросексуални жени и мажи, прашувајќи ги колку сексуални партнери имале и колкава е нивната тежина и висина, во обид да го одредат типот на тело со најмногу сексуални односи.

Во една неодамнешна студија, научниците вклучиле мажи и жени на возраст меѓу 30 и 44 години и откриле дека просечниот број на луѓе со кои спиеле е 8. Кај мажите кои биле пониски од просекот, нивниот просечен број бил 5, додека кај мажите кои биле многу високи, бројот на жени со кои спиеле бил 10. Меѓутоа, истражувачите забележале дека овие бројки не се толку драстично различни како што мислеле дека ќе бидат.

„Овие наоди потврдуваат дека висината е релевантна кога станува збор за избор на сексуален партнер. Сепак, релативно ограничената варијација во бројот на сексуални партнери кај мажите низ поголемиот дел од висинскиот континуум е тешко да се објасни“, рече Дејвид Фредерик, доцент на психологија на Универзитетот Чепмен и главен автор на студијата.

Можно е за повеќето жени да постои одреден праг на минимална висина, по што ќе го сметаат мажот за потенцијален сексуален партнер, па мажите над таа висина ќе имаат сличен број на сексуални партнери.

„Гледајќи го индексот на телесна маса, мажите кои биле точно на средина имале најмногу сексуални партнери, додека мажите со прекумерна тежина биле малку зад нив. Мажите кои изгледаат малку поголеми, помоќни или кои се атлетски градени, пријавуваат повеќе сексуални искуства од другите мажи“, додаде д-р Фредерик.

Така, додека висината и тежината всушност прават разлика кога станува збор за тоа колку сексуални искуства ќе имаат мажите, студијата покажува дека тоа не е сè. Човек со добар карактер, исто така, ќе оди далеку. Ништо не е посекси за жените од маж кој е смешен, кој има добра смисла за хумор, но знае и да готви



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.