Александар Николоски, потпреседателл на ВМРО ДПМНЕ и носител на изборната единица 4 вели дека за ВМРО-ДПМНЕ мажите се мажи, жените се жени, и ниту една фондација, ниту едни пари, ниту пак продадени души како тие од СДС нема да го променат тоа.

За нас мажите се мажи, жените се жени, момчињата се момчиња, девојчињата се девојчиња и има здраво да живеат во пристојни семејства, а не да водиме некакви си родови политики. Затоа што она кое што го дала природата ниедна фондација, ниту едни пари, ниту едни продадени души не можат да го променат“, вели Николоски.

Број два на листата во четвртата изборна единица од СДС е доскорешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска, ја знаете добро, која што нашите деца сака да ги учи дека немало разлика дали се машки или женски, дека немало родители, туку имало родител 1 и родител 2, и води некакви си таканаречени родови политики за кои што земаат дебели пари од фондацијата Сорос. Сакам од овде јасно да кажам за ВМРО-ДПМНЕ, за нас, постојат тато и мајка и деца. Тоа е суштината на македонското семејство, порача Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.