На четврти и петти ноември годинава, со почеток во 10 часот, во Сеавус едукативен и развоен центар (Акцелератор), ќе се одржи дводневна Конференција „Живата соба“ во организација на Советувалиште за хумана соработка-Гешталт тренинг институт, по повод 25 години од своето постоење.

„Со што доаѓам на терапија?“ „Што носам во мојот куфер?“ „Колку труд, енергија и сила вложувам за да не го отворам?“. Овие прашања го опфаќаат емоционалниот багаж што сите го носиме, често затворен и отпорен на ранливоста на отварањето.

Настанот има за цел да даде сеопфатно разбирање за хипер-социјализираните општества на 21 век, каде што живеме во време во кое сè е роботизирано, а разликите едноставно не се толерираат.

Овој настан е уникатна можност да слушнете повеќе за позадината на Гешталт терапијата. Ќе се зборува за тоа како да ја задржиме автентичноста во хипер-социјализираните општества, но и како да се навлезе подлабоко во сржта на терапевтскиот однос, најавува организаторот.

На настанот ќе има повеќе излагања, три работилници и промоција на книгата Живата соба“ – коавторство на две психотерапевтки, Билјана Копрова клинички психолог и основач на Гешталт центарот и Благица Ваниќ, Гешталт терапевт и супервизор, управител на Гешталт центарот и професор по клиничка пракса на Универзитетот Американ колеџ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.