Принцот Хари денеска не се појави во Високиот суд во Лондон на судењето против британскиот таблоид издавач Mirror Group Newspaper (MGN), по што судијата Тимоти Фанкур изјави дека е изненаден од неговото отсуство.

Судијата потсети дека му наредил на Хари да се појави на суд на првиот ден од неговиот случај, пренесува Асошиетед прес. Адвокатот на MGN, Ендрју Грин, рече дека е „длабоко вознемирен“ од отсуството на Хари.

Претходно беше објавено дека принцот Хари ќе стане првиот член на британското кралско семејство, во последните 130 години, кој ќе сведочи на суд, каде што ќе треба да зборува за своите врски пред бракот со Меган Маркл.

Тој треба да сведочи во судскиот процес против Дејли Мирор, за кој тврди дека незаконски собирал информации за него, неговиот брат Вилијам, нивната мајка Дијана и нивниот татко кралот Чарлс, пишува лондонски Тајмс.

Хари тврди дека активностите на новинарот на Дејли Мирор му предизвикале масовни напади на депресија и параноја што доведоа до распаѓање на неговата врска со Челси Дејви, и дека наводниот упад на репортерот во нивниот дом „ја наведе г-ѓа Дејви да одлучи дека кралскиот живот не е за неа, што во тоа време беше неверојатно вознемирувачко“.

Случајот е еден од шесте што принцот ги покрена против медиумите и владата во Велика Британија. Во друга тужба, тој го тужеше Дејли Мејл, тврдејќи дека бил жртва на хакирање на говорна пошта и предмет на приватни истражители, и дека околу 140 написи објавени меѓу 1996 и 2010 година содржат информации собрани преку нелегални методи.

Хари тврди дека активностите на новинарот на Дејли Мирор му предизвикале масовни напади на депресија и параноја што доведоа до распаѓање на неговата врска со Челси Дејви, и дека наводниот упад на репортерот во нивниот дом „ја наведе г-ѓа Дејви да одлучи дека кралскиот живот не еза неа, што во тоа време беше неверојатно вознемирувачко“.

Случајот е еден од шесте што принцот ги покрена против медиумите и владата во Велика Британија. Во друга тужба, тој го тужеше Дејли Мејл, тврдејќи дека бил жртва на хакирање на говорна пошта и предмет на приватни истражители, и дека околу 140 написи објавени меѓу 1996 и 2010 година содржат информации собрани преку нелегални методи.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.