Во последното коло на европската лотарија „Евроџекпот“ играч од Германија оствари добивка од 10 милиони евра.

На ждрепката од 63. коло беа извлечени броевите 6, 12, 25, 31, 37 – 6, 9, што на Германецот му донесе победа од 5+2 .

Следното извлекување е в петок.

„Евроџекпот“ е транснационална европска лотарија почната во 2012 година. Од 15 септември 2017 година земјите што учествуваат во лотаријата се: Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Унгарија, Исланд, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Норвешка, Полска, Словачка, Словенија, Шпанија и Шведска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.