Украина нема да прифати „замрзнат конфликт“ со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесуваат украинските медиуми.

Зеленски потврди дека Киев си поставил за цел повторно да ги заземе сите територии што се под контрола на руските сили.

Сакаме да ги вратиме нашите земји, да ја вратиме безбедноста на нашата територија, да обезбедиме враќање на луѓето кои беа принудени да ја напуштат земјата и да ги казниме сите злосторства на руските вооружени сили, изјави Зеленски во Вилнус по крајот на состанокот на самитот на НАТО во главниот град на Литванија.

Тој додаде дека тоа ќе биде победа, а, како што нагласи, „замрзнат конфликт не е победа“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.