Во пресрет на летната туристичка сезона денеска во Регионалниот центар за гранични работи Југ се одржа средба со претставници на туристички агенции што најчесто организираат превоз на патници на јужната граница.

Началникот Славчо Богев рече дека современиот пристап во менаџирањето со границите бара нови начини на справување со предизвиците, кои од година во година се сè понеизвесни.

Во пресрет на престојната летна туристичка сезона која се очекува да биде рекордна по однос на бројот на патници, одржавме работен состанок. Беа потенцирани мерките и активностите што ги презема граничната полиција со цел да се обезбеди побрз и поефикасен проток на патници и возила. На состанокот беше истакна важноста на соработката меѓу полицијата и туристичките агенции. Од моја страна присутните претставници беа запознати со активностите кои ги презема граничната полиција, за обезбедување на безбедно и ефикасно преминување на границата, особено за време на зголемениот проток на патувања во летниот период. МВР, односно РЦ за ГР ЈУГ за време на летната туристичка сезона ќе преземе соодветни мерки за побрз проток патници и возила, појасни тој.

Дел од нив се однесуваат на зголемување на бројот на персонал, за време на летната сезона, ќе се ангажираат дополнителен број на полициски службеници на граничните премини за да се намали времето на чекање.

-Засилена е соработката со останатите РЦ за ГР, а особено со РЦ за ГР Север за координирано управување со протокот на патници и возила кои патуваат на релација север-југ и обратно. Беа истакнати и специфични мерки насочени кон туристичките агенции за да се овозможи побрз проток на организирани групи, како посебни ленти за  туристички  автобуси и воспоставени посебни процедури за  патници, кои патуваат организирано со туристички автобуси, со цел намалување на времето на чекање и побрз премин на организираните групи. Во текот на летната туристичка   сезона РЦ за ГР ЈУГ ќе организира низа на превентивни активности на граничните  премини, преку кои патниците ќе бидат запознаени и ќе добијат информативни материјали со насоки и упатства за процедурите на граничната контрола, додаде Богев.

По презентирањето на мерките следеше дискусија, во која претставниците на   туристичките агенции, имаа можност да поставуваат прашања и да дадат предлози за понатамошно подобрување на соработката. Беше истакната потребата од постојана  комуникација и брза размена на информации меѓу граничната полиција и туристичките агенции. Состанокот заврши со заклучок дека е неопходна континуирана соработка и заеднички напори за да се обезбеди ефикасен и брз проток на патници и возила на јужната граница.

-Претставниците на туристичките агенции ја изразија својата благодарност до раководството на РЦ за ГР ЈУГ за организираниот состанок и за преземените мерки и истакнаа дека ќе ги информираат своите патници за сите важни аспекти на граничната контрола. Исто така, туристичките агенции ја пофалија работата на граничната полиција на јужната граница во борбата со нелојалната конкуренција, во делот на меѓународниот превоз на патници и стока, каде се санкционираат сите превозници кои не поседуваат соодветни лиценции и друга потребна документација. Состанокот резултираше со зацврстување на соработката и заедничка определба   за подобрување на условите за патување за време на летната туристичка сезона. Јас како началник на РЦ за ГР ЈУГ и понатаму ќе го застапувам и промовирам проактивниот пристап во справувањето со предизвиците, а истовремено ќе ја јакниме и довербата кај граѓаните, рече Богев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.