Украинскиот претседател Володимир Зеленски му соопштил на израелскиот премиер Нафтали Бент дека е отворен за разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Израел, но само ако има прекин на огнот.

Бенет ја посети Москва и имал средба со Путин, а повеќе пати телефонски разговарал со Зеленски и лидерите на Франција и Германија во обидите за наоѓање решение за завршување на војната.

Зеленски кажа дека Бенет го информирал за разговорите со Путин кој ги игнорираше сите негови претходни понуди да преговараат.

Истакна дека Русите би можеле да ја заземат украинската престолнина Киев само ако ја срамнат со земја и ако сите ги потепаат.

Дури и да доведат милион Русите тука, не можат да ја окупираат Украина, порача Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.