Од трите општини во Прилепско – крушевскиот регион до 13 часот најголема излезност има во Крушево каде за претседателските избори гласале 34,78, а за парламентарните 35,69 проценти од запишаните избирачи.

Во општина Кривогаштани процентот на излезност до 13 часот е 25,24 и за претседателските и за парламентарните избори, а во Долнени до 13 часот за претседателските избори правото на глас го искористиле 12,57, а за парламентарните 17,24 проценти од жителите со право на глас.

Изборите во трите општини се одвиваат непречено и без поголеми проблеми, информираат од општинските изборни комисии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.