Русија останува целосно посветена на принципот никогаш да не дозволи да се води нуклеарна војна, рече на последната прес-конференција Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за одбрана.

Таа рече дека ставот на Москва, според кој никогаш не треба да започне нуклеарна војна, не е променет.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Русија располага со „различно разорно оружје“ и дека ќе „користи сè што е достапно“ за да ја одбрани Русија, при што Путин мисли и на четирите украински региони чија анексија ја најави Русија минатата недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.