Уште три брода со жито испловиле од украинските пристаништа и се упатиле кон Турција за инспекција.

Како што соопшти турското министерство за одбрана, бродовите носат вкупно 58.000 тони пченка.

Првиот брод со жито од почетокот на војната, ја напушти Украина претходно неделава. Бродот го помина Црното Море согласно договорот постигнат меѓу завојуваните страни со посредување на Обединетите Нации и Турција. Ја помина инспекцијата во средата во Истанбул, па се упати кон Либан.

Бродовите што денеска тргнале од Украина се меѓу повеќе од десет товарни бродови, натоварени со жито, блокирани на украински пристаништа од почетокот на војната, кон крајот на февруари.

Иако со овие бродови десетици илјади тони жито сега почнуваат да се испорачуваат, тоа и понатаму е само дел од дваесетте милиони тони жито, што според наводите на Украина, се заробени во нејзините силоси и пристаништа и што мора да бидат испорачани, со цел да се ослободи место за новата жетва.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.