Украинското Министерство за надворешни работи денеска на Твитер објави графика со информации за руската инвазија.

Според објавените податоци, загинале повеќе од 12.000 руски војници.

Украинското министерство наведува дека Русија останала без 58 авиони, 83 хеликоптери и 362 тенкови.

Тие тврдат и дека Украинците уништиле седум руски беспилотни летала, 1.205 борбени оклопни возила од различен тип, 135 парчиња артилерија, 62 ракетни системи и 585 возила.

Според украинското министерство, Русија изгубила и три брода и 33 противвоздушни системи за време на војната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.