Израелските одбрамбени сили(ИДФ), што е официјален назив на војската на таа земја, објавија дека го убиле високиот водач на терористичката организација Хамас.

Тајмс од Израел пренесува дека нападот на ИДФ е изведен синоќа во Појасот Газа.

Во ударот, со кое е целено на седиштето на терористичката организација од кое се изведувале воздушните активности, убиен е Мурад Абу Мурад, шеф на воздушните сили на Хамас, објави ИДФ.

Израелската војска навела дека Абу Мурад имал голема улога во наведување на терористите за време на масакрот, кој го изведоа во Израел минатиот викенд, вклучувајќи го упадот по воздушен пат, со користење на параглајдери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.