Жестоки борби се водат меѓу украинските сили и руските војници на улиците на североисточниот украински град Харков.

Воени возила на рускиот непријател упаднаа во Харков, вклучувајќи го и центарот на градот. Вооружените сили на Украина го уништуваат непријателот. Ги замолуваме цивилите да не излегуваат – изјави регионалниот гувернер, Олех Синегубов.

На видеата објавени од Антон Херашченко, советник на министерот за внатрешни работи, и Украинската Државна служба за специјални комуникации и заштита на информации, се гледаат неколку воени возила кои се движат по улица.

Според Украинците, Русија претрпела значителни загуби во четвртиот ден од војната против Украина. Украинските одбранбени сили соопштија дека во текот на вчерашниот ден собориле 18 хеликоптери, 16 авиони, а уништиле 102 тенкови, 540 борбени возила и еден ракетен систем Бук.

Украина соопшти дека Русија загубила 3.000 воен персонал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.