Aгенцијата за помош на ОН, соопшти дека најмалку 64 цивили агинале, а повеќе од 160.000 се во движење откако руските трупи влегоа во Украина оваа недела.

Од 17:00 часот на 26 февруари, (Канцеларијата за човекови права на ОН) ОХЦХР известува за најмалку 240 цивилни жртви, вклучително и најмалку 64 загинати – се вели во статусниот извештај на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (U.N. Office for the Coordination of Humanitarian Affairs – OCHA).

Во извештајот се додава дека вистинските бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“.

Оштетувања на цивилната инфраструктура оставија стотици илјади луѓе без струја и вода. Стотици домови беа оштетени или уништени, додека мостови и патишта погодени од гранатирање оставија некои заедници отсечени од пазарите – се вели во извештајот.

Спореед УНХЦР, повеќе од 160.000 луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 116.000 биле принудени да избегаат во соседните земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.