По едномесечниот прекин без истрелан проектил за време на Олимписките игри во Пекинг, Cеверна Кореја истрелала „неидентификуван проектил“, соопшти јужнокорејската војска.

Cеверна Кореја истрела неидентификуван проектил во насока на исток – се наведува во соопштението на јужнокорејскиот здружен Генералштаб, без да се дадат дополнителни детали.

Пјонгјанг во јануари истрела дури седум проектили, вклучувајќи ја и едната од најмоќните ракети лансирани од 2017 година.

Cеверна Кореја, исто така, предупреди дека може да го укине мораториумот што го воведе за тестирање на интерконтинентални балистички ракети и нуклеарни тестови.

Cеверна Кореја го запре лансирањето ракети и тестирањата за време на Зимските олимписки игри во 2022 година во Пекинг, веројатно поради почит кон својот кинески сојузник – велат експертите.

Демонстрацијата на моќ на Cеверна Кореја доаѓа во чувствителен момент за регионот додека Јужна Кореја се подготвува за претседателските избори на 9 март.

Аналитичарите проценуваат дека официјален Пјонгјанг би можел да ја искористи следната годишнина, 110 години од раѓањето на Ким Ил-сунг на 15 април, за тестирање помоќно оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.