Министерството за одбрана на Русија соопшти дека со употреба на високопрецизно оружје биле извршени напади врз центри за обука на украинската армија во областите Чернихив, Житомир и Лавов во Украина.

Руските воздушни и вселенски сили со високопрецизно оружје и ракетит „Калибар“ извршија масовен напад на територијата на 169. Центар за обука на копнените сили во областа Десна, во регионот Чернихив, 199. Центар за обука на воздухопловните трупи во регионот Тетеревка, во регионот Житомир и 184. тренинг центар на вооружените сили на Украина во областа Старич во Лавовската област – ​​се наведува во соопштението на руското министерство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.