Британскиот премиер, Борис Џонсон, е заинтересиран за францускиот проект Европска политичка заедница, со цел Велика Британија по Брегзит повторно да се ангажира во Европа, соопшти Елисејската палата по средбата на Џонсон со францускиот претседател Емануел Макрон.

Во соопштението се наведува дека Макрон забележал голем ентузијазам кај Џонсон кога зборувал за Европската политичка заедница.

Макрон и Џонсон, на средбата, што се одржа на маргините на Самитот на Г-7, се согласиле дека сега е можен пресврт на текот на војната во Украина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.