Претседателските избори во Русија ќе ги набљудуваат делегации од 36 земји и пет меѓународни организации, изјави заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација Константин Косачев.

Тој рече дека делегации од Асоцијацијата на меѓупарламентарните собранија на земјите од Југоисточна Азија, Централноамериканскиот парламент, Интерпарламентарното собрание на Комонвелтот на независни држави, Парламентарното собрание на Организацијата на Договорот за колективна безбедност и Организацијата за исламска соработка ќе да бидат испратени на изборите.

Според него, за изборите биле акредитирани повеќе од 200 собраниски набљудувачи и неколку десетици експерти за изборниот процес.

Изборите во Русија ќе се одржат од утре до недела, 17 март.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.