За претседател до 15 часот во општина Тетово гласале 21,31 отсто од избирачите или 17.818 од вкупно 86.405 лица во избирачкиот список. По општини во руралниот дел од тетовското подрачје – до 15 часот во Теарце излегле 15,76 отсто, Јегуновце – 23,44 проценти, Желино – 11,60 отсто, Брвеница – 23,57 проценти и во Боговиње – 7,95 отсто.

Правото на глас за избор на пратеници во општина Тетово го искористиле 31.000 од 86.550 граѓани или 37,01 отсто. До 15 часот за пратеници, во руралните тетовски општини – во Теарце излегле 31,15 отсто, Јегуновце – 31,52 проценти, Желино – 26,52 отсто, Брвеница – 29,63 проценти, а во Боговиње – 24,62 отсто.

По последниот пресек за излезеноста на изборите во општина Гостивар граѓаните покажале поголем интерес за гласање за претставници во Собранието.

Според податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот за парламентарните избори правото на глас го искористиле 21.851 граѓанин (26,81%), додека во вториот круг од претседателските избори, гласале 14.911 граѓани (18,31%).

Засега, нема поголеми пречки во одвивањето на изборниот процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.