Денес со почеток во 19:30 часот во Социјалниот центар Дуња во Скопје, ќе се одржи промоцијата на книгата Casa Encantada, на колективот Kasa Invisivel од Бело Хоризонте, Бразил, како дел од нивната европска турнеја за промоција на нивната книга. На промоцијата ќе се разговара за борбата за простори за домување.

Бело Хоризонте е дом на најмалку 100 000 луѓе кои живеат во окупирани згради, куќи и територии, како и место на еден од најголемите територијални конфликти во Латинска Америка.

Во книгата се претставени илустрации, фотографии и интервјуа со членови на колективи од окупациите низ Бело Хоризонте во периодот меѓу 2022 и 2023. Документирани се околу 20 напуштени куќи кои биле трансформирани во социјални и културни простори за бездомниците и најранливите групи за време на пандемијата.

Преку дискусиите кои ги повлекува книгата, членовите на колективот се стремат кон проширување на контекстот на окупациските или сквотерските движења, борбата за земја и домување во Бело Хоризонте, со цел поттикнување интернационални врски и солидарност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.