Според податоците објавени на официјалната страница на ДИК, до 15 часот гласале 539.255 лица со право на глас, односно 32,12% од запишаните гласачи.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Крива Паланка, со 58.29 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 5.14 %.

На парламентарните избори, пак, до 15 часот гласале 612.493 односно 36,84%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Кривогаштани, со 74.32 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Врапчиште, со 20.22 %.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1 – 41.76 %

Изборна единица 2  – 36,35 %

Изборна единица 3 – 39,91 %

Изборна единица 4 – 38,00 %

Изборна единица 5 – 34,95 %

Изборна Единица 6 – 29,35 %

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.