Полскиот претседател, Анджеј Дуда, порача дека САД и нивните сојузници треба да продолжат да доставуваат оружје и воена помош за Украина и дека не треба да се плашат од заканите на Русија за нуклеарна или друга одмазда.

Ако сакаме да постигнеме некаков успех во нашите односи со Русија, во оваа ситуација кога Русија ја нападна Украина, можеме да успееме само ако употребиме брутална сила, бидејќи само бруталната сила, бруталната моќ може да ја запре Русија – вели Дуда за „Волстрит журнал“.

Дуда додава дека Западот сè уште ја гледа Русија како деловен партнер, но оценува дека Русија не е деловен партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.