Нафтениот пазар од утрово бележи благ пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар денеска изнесува 106 долари, што е благо намалување во однос на вчерашниот ден кога цената беше 107 долари за барел. Цената на нафтата на американскиот пазар е 103 долари, што исто така е намалување во однос на вчера.

Пазарот на криптовалути и утрово е во минус. Вредноста на биткоинот е 38.069 долари, што е намалување за околу 1% во однос на вчера. Другите криптовалути се исто така во минус.

Цените на пченицата и пченката бележат пад на цените во однос на вчерашниот ден. Од утрово цената на пченицата е 1.045 долари за тон, што е намалување за речиси 1 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 793 долари за тон, што е исто така пад од околу 1 процент

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.