Полицијата го уапси разрешениот претседател на Перу Педро Кастиљо и го обвини за побуна и заговор за кршење на уставниот поредок.

Тој бил приведен кога бил на пат за мексиканската амбасада во Лима, неколку часа откако го распушти парламентот.

Педесет и тригодишниот Кастиљо е префрлен во затвор, иако Мексико кажа дека е подготвено да му даде азил.

Досегашната потпретседателка Дина Болуарте е назначена за нов претседател, како прва жена на оваа функција во Перу.

Пратениците го отстранија Кастиљо од функцијата вчера откако во обраќањето на националната телевизија прогласи вонредна состојба и кажа дека ќе владее со декрет. Притоа најави дека ќе го распушти парламентот контролиран од опозицијата, по што во знак на протест неколкумина министри поднесоа оставка.

Шефот на уставниот суд го обвини Кастиљо дека почнал државен удар, додека САД го повикаа да ја промени својата одлука.

Полицијата и армијата на Перу се изјаснија дека го почитуваат уставниот поредок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.