Граѓаните на Северна Кореја добија насоки како да се заштитат од ковид-19 кои би го зачудиле секој стручњак. Им се советува да пијат чај и да го исплакнат грлото со солена вода.

Северна Кореја се бори со жаришта на корона вирусот, а лидерот Ким Џонг Ун ја нарече ситуацијата катастрофа. Во оваа затворена земја нема вакцини, а случаите на инфекција во моментов се нарекуваат „мистериозна треска“. Вакви случаи има повеќе од 1,7 милиони, а досега е објавено дека борбата за животот ја загубиле 62 лица.

Вистинска епидемија на заразата се случува во оваа земја, која официјално не пријави ниту еден случај на инфекција за време на пандемијата. Но на државната телевизија се емитуваат совети граѓаните да пијат чај и да го исплакнат грлото со солена вода.

„Ројтерс“ наведува дека на севернокорејците им се предлага да пијат чај од врба, кој традиционално се користи за намалување на високите температури, како и за плакнење на грлото со сол и вода за да се справат со симптомите.

Беа емитувани и интервјуа со неколку жени кои ги споделија своите „позитивни“ искуства со традиционалните лекови, иако веќе две години е познато дека лековите се користат за лекување на корона, сериозно системско заболување кое однесе повеќе од шест милиони животи ширум светот. Меѓутоа, Северна Кореја, освен вакцини, нема маски, лекови …

“Чајот од ѓумбир помага против оваа болест, на почетокот мислев дека е нешто страшно, но потоа сфатив дека не е. Го послушав советот на докторот”, рекла една постара госпоѓа од Северна Кореја.

Во таа земја опциите за тестирање за Ковид 19 се ограничени, поради што Би-Би-Си проценува дека бројот на случаи е многу поголем од моментално пријавените 1,7 милиони. Поради избивањето на инфекцијата, Ким Џонг Ун за прв пат е фотографиран со заштитна маска на лицето.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.