Гордана Силјановска-Давкова преку социјалните мрежи се заблагодари за поддршката и кажа дека за неа ова претставува голема чест и одговорност.

➡️ Почитувани граѓанки и граѓани на Македонија, ви честитам, ова е ваша победа! Горда сум на сите вас! Искрено ви благодарам на поддршката, за мене ова претставува голема чест, но и голема одговорност!
ℹ️ Ви тврдам и ви ветувам дека од овој момент овде јас ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани. Еден претседател, особено ако е жена, треба да обединува и да трага по единство. Се обврзувам на такво единство бидејќи секогаш ќе бидам со вас и за вас!
✅ Македонија е во ваши раце, вие сте носители на легитимитетот! Македонија е горда! 🇲🇰



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.