Пентагон соопшти дека американската војска успешно извршила антитерористичка мисија во северозападна Сирија, додавајќи дека нема американски жртви.

Жителите на северозападниот град Атмех и бунтовниците кои се борат против сириската влада претходно известија за неколку цивилни жртви во двочасовната операција. Се верува дека мети биле џихадисти поврзани со Ал Каеда.

Американските сили за специјални операции под Централната команда извршија антитерористичка мисија во северозападна Сирија. Мисијата беше успешна. Немаше американски жртви – изјави портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.

Тој додаде дека дополнително ќе бидат соопштени повеќе информации.

Жителите на Атмех изјавија дека операцијата се случила околу полноќ во густо населена област на границата со Турција каде што десетици илјади сириски бегалци живеат во импровизирани сместувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.