Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека до крајот на годината цената на гасот во Европа би можел да се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни.

Во однос на поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ја зголемам предвидената цена на 5.000 евра до крајот на 2022 година – напиша Медведев на Телеграм.

Медведев претходно објави дека во Европската Унија „синото гориво“ до крајот на годината може да достигне цена од 4.000 евра за илјада кубни метри.

Цената на гасот во Европа вчера, првпат од 8 март, ја надминаа бројката од 3.500 долари за илјада кубни метри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.