Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз, е примен во болницата во градот Џеда на Црвеното Море, на медицински тестирања, јавија саудиските медиуми врз основа на соопштението од кралската палата.

Кралот Салман стана владетел на најголемиот светски извозник на нафта во 2015 година, откако претходно 2,5 години беше престолонаследник и вицепремиер, наведуваат британските медиуми.

Кралот Салман (86) во 2020 година имаше операција на жолчното кесе, а во март годинава му беше извршена замена на батеријата на пејсмејкерот на срцето, пренесуваат британските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.