Skip to main content

Саудиска Арабија ги поздрави чекорите преземени за заштита на цивилите во Сирија

Саудиска Арабија денеска соопшти дека ги поздравува чекорите преземени во Сирија за да се осигури безбедноста на цивилите за време на трансферот на власта од режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад на сириската опозиција.

Официјален Ријад соопшти дека ги следи настаните во Сирија, истакнувајќи дека позитивните чекори вклучуваат и запирање на крвопролевањето во земјата и зачувување на државните институции и капацитети, пренесе Ал Џазира.

Сириските опозициски сили денеска соопштија дека го зазеле главниот град Дамаск и изразија подготвеност да соработуваат со меѓународната заедница за стабилизирање на ситуацијата во земјата.

Руска државна новинска агенција, повикувајќи се на извор од Кремљ, вечерва објави дека Башар Ал Асад пристигнал во Москва и добил азил во Русија.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibom