Лидерите на групата индустриски најразвиени земји Г7 денеска имаат закажана видеоконференциска врска, на која се очекува во фокусот на нивните разговори да биде загриженоста од руската инвазија врз Украина.

На онланј настанот се очекува линковски да се појави и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој ќе треба да ги информира лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД за состојбата на теренот.

Германската агенција ДПА најавува дека постојат информации дека и американскиот претседател Џо Бајден можеби ќе сака да се разговара за дополнителни санкции против Русија.

Засега нема детали за точното време на средбата.

Организаторите соопштуваат дека на средбата може да се појават и други теми.

Состанок се организира на 8 мај, денот што во Европа традиционално се слави како крај на Втората светска војна на Стариот континент и ослободувањето на Европа од нацистичките сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.