Двајца Палестинци загинале во израелски напад на Западниот Брег, соопштија палестинските здравствени власти. Палестинското Министерство за здравство ги идентификувало двајцата убиени Палестинци.

Израелската армија објави дека војниците влегле во бегалскиот камп Нур Шамс, во близина на Тулкарм, за да уништат „команден центар на екстремистите и складиште за бомби во една зграда“.

Инженерските единици деактивирале неколку бомби поставени на патот, екстремистите отвориле оган и фрлале експлозивни направи, а војниците одговориле со боева муниција.

При рацијата причинета е голема штета на патиштата и на една зграда.

Израелските рации, особено на северот на Западниот Брег, зачестија во изминатата година и половина, а целта е пресметка со палестинските екстремисти и спречување идни напади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.