Турција и Израел забрзано разговараат за изградба на гасовод до израелското наоѓалиште Левијатан како алтернатива за испораката на руски гас во јужна Европа.

Оваа информација ја објави Ројтерс, повикувајќи се на претставници на овие земји.

Оваа вест доаѓа во време кога руската енергетска компанија „Гаспром“ деновиве објави дека нејзините испораки на гас за Европа, преку Украина, остануваат високи и стабилни.

Компанијата додава дека барањата на клиентите на „Гаспром“ во Европа за гас за транзит низ Украина изнесуваат 109,5 милиони кубни метри, што е непроменето во однос на изминатиот период.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.