Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека се водат тешки борби во челичарницата „Азовстал“, „каде што украинските сили го бранат својот последен џеб на контрола во градот“.

Бојченко за украинската телевизија информира дека е изгубен контактот со борците внатре во „Азовстал“.

Околу 100 цивили беа евакуирани од челичарницата во последниве денови, но се смета дека во индустрискиот комплекс се уште има стотина цивили.

Висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за „Би-Би-Си“ изјавил дека Русите „почнале бура“ во челичарницата.

Официјелн Кремљ, пак, негираше дека Русија го напаѓа индустрискиот комплекс, туку дека борбите се должат на тоа што украинските сили го користат примирјето дури се евакуираат цивилите за да заземат нови позиции и да се регрупираат.

Нема бура. Има ескалации кога Украинците заземаат напаѓачки позиции – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.