Србија мора да одлучи на чија страна сака да биде, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Ние ја сакаме Србија покрај нас, но за тоа ни треба јасен доказ дека земјата ги споделува нашите вредности, како што се владеењето на правото и демократијата, како и дека ја одбива руската инвазија – рече фон дер Лејен во интервју за австриските дневни весници „Винер Цајтунг“ и „Клајн Цајтунг“.

Таа подвлече дека надворешнополитичката определба на кандидатите е многу важна.

Секако, очекуваме сите да ја влечеме истата страна од јажето – подвлече претседателката на ЕК.

На прашањето колку Западен Балкан е поврзан со статусот на Украина и што може да им се понуди на тие земји, таа посочи дека речиси сите земји од Западен Балкан се на европскиот пат далеку од Украина.

На прашањето колку време ќе ѝ треба на Украина да стане членка на ЕУ, Фон дер Лејен посочи дека процесот на пристапување е поврзан со напредокот.

Во рацете на кандидатите е колку брзо се движат во процесот – рече таа, истакнувајќи дека Словачка и Турција добија кандидатски статус во 1999 година, дека Словачка презеде се за да ги спроведе потребните реформи и пет години подоцна стана членка, а Турција денес е подалеку од членството отколку било кога.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.