Едно лице загина, а 12 се повредени во Турција при инцидент за време на локалните избори во Дијарбекир, град со претежно курдско население, соопшти тамошното Министерство за здравство.

За време на изборите дојде до судири меѓу две групи при што едно лице загина, а 12 се повредени, информираат локалните власти.

Во Турција денеска се одржуваат локални избори на кои повеќе од 61,4 милиони гласачи се поканети да изберат функционери во 81 турска провинција, општина и град, вклучувајќи ги и најголемите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.