Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, ги отфрлa обвинувањата од Основното јавно обвинителство (ОЈО) и смета дека тие се во политичка функција пред изборите.

Наумче Мојсовски, заедно со неговиот претходник Дарко Каевски, претседателот на МОК Даниел Димевски и уште деветмина, се најде на тапет кај ОЈО. Тие се обвинети дека ја оштетиле државата за пет милиони евра преку искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извришле распределба на средства наменети за спортистите.

Мојсовки ги отфрла обвинувањата и смета дека тие се во политичка функција пред парламентарните и претседателските избори.

Целосно ги отфрлам обвинувањата против мене како директор на Агенција за млади и спорт, за евентуална злоупотреба во мојата работа во однос на ваучер системот.

 

Ги сметам за тенденциозни “мистериозно” протечените информации во јавноста, очигледен е и тајмингот и намерата. Очекувам транспарентна постапка во која моите тврдења целосно ќе се потврдат, а ќе докажат дека токму оваа хајка во јавноста против мене е само алатка за заплашување пред вториот круг претседателски и парламентарни избори.

 

Моето име е изградено од вредна работа и огромен придонес за македонскиот спорт. Како спортист роден во мал град, Струга, отсекогаш сум работел чесно и вредно сѐ со цел унапредување и зајакнување на домашниот спорт. Со гордост сум ги бранел боите на Македонија и со гордост работам на поддршка на сите македонски спортисти.

 

Македонија е демократска држава и како таква функционира во изминатите 7 години, кога заплашувањата, уцените и јавните лични линчувања се минато“, стои во реакцијата на Наумче Мојсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.