Русија донела тренирани воени делфини во својата поморска база во Црното Море за да ја заштити својата флота од подводен напад. Американскиот поморски институт (LIP) ги анализира сателитските слики на руската поморска база во пристаништето Севастопол. Заклучокот е дека две засолништа за делфини биле преместени во оваа база во февруари пред почетокот на воената акција во Украина.

Русија има долга историја на обука на делфини за воени цели. Овие водни цицачи se користат за да извлечат предмети или да спречат непријателски нуркачи.

Поморската база во Севастопол е многу важна за руската армија затоа што се наоѓа во јужниот дел на полуостровот Крим. Според американската разузнавачка морнарица, многу руски бродови се закотвени во базата. Тие се надвор од опсегот на украинските ракети, но се потенцијално ранливи на напади од подморница.

Нашите експерти развија нови уреди за откривање на подводни цели користејќи сонар. Делфините имаат на себе уреди кои испраќаат сигнал до монитор на операторот. Тие имаат ехолокациски способности и се погодни за вакви активности – се вели во изјавата на воен експерт, пренесува една руска новинска агенција.

Руската морнарица ги објави плановите за набавки на уште пет делфини, а беше објавен и тендер за договор во вредност од 1,75 милиони рубли, т.е. 21.000 долари за испорака на делфини во базата во Севастопол.

Делфините не се единствените морски животни обучени од руската армија. Се верува дека китот Белуга забележан во близина на норвешкиот брег во 2019 година бил обучен од руската морнарица. Тогаш рибарите изјавиле дека китот носел чудни појаси или камери и дека им правел проблеми на чамците влечејќи ги за јажињата. Сателитски слики од 2018 година откриле дека Русија користела делфини во нивната поморска база во Тартус за време на војната во Сирија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.