Skip to main content
Став на ВМРО-ДПМНЕ

Криминалните дејанија на Груби кога беше колега со Венко Филипче во истата влада го узурпираа судството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период го зборува почна на дело и да се покажува, судиите и обвинителите заортачени со СДС и ДУИ.Впрочем, тоа е така, затоа што тие судии и обвинители се поставени директно од челниците на СДС и ДУИ кои, место за правда во Македонија, одработуваат за спас на криминалците од СДС и ДУИ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и ДУИ со години во правосудниот систем си поставуваа судии и обвинители по нивна мерка, кои ќе работат во нивна корист, наместо за општото добро на државата и граѓаните. Поставените судии и обвинители ДУИ и СДС после тоа ги користеле за влијанија во истражни и обвинителни постапки, како и во судски одлуки.

Тоа се покажа и потврди и со ставањето на Артан Груби на црната листа на Стејт департментот на САД. Една од причините поради кои Груби се најде на црната листа, е токму заради криминалното мешање во судството, кој земал мито за да влијае на судски одлуки.

Криминалните дејствија успеа да ги види и за нив да обезбеди докази нашиот стратешки партнер САД, но тоа не можат да го видат нашите октроирани и од СДС и ДУИ поставени обвинители. Со секој изминат ден во кој нема истражна постапка за утврдување на криминалните дела сторени од Артан Груби, Јавното обвинителство го пробива секое дно и ја поткопува и така ниската доверба од граѓаните.

Не отворањето истражна постапка против Груби, само ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството, што го потврди САД со ставањето на десната рака на Али Ахмети на нивната црна листа.

Криминалните дејанија Артан Груби ги правел во период кога бил колега со Венко Филипче во истата влада на СДС и ДУИ и истите тие го узурпираа судството во државата.

На цела македонска јавност сега им е јасно за повиците на ВМРО-ДПМНЕ до судството и обвинителството да почнат да си ја работат работата за кои се платени и да работат по закон. И исто така, македонските граѓани добро знаат дека на таквите повици кога реагираат СДС и ДУИ дека тоа било политички притисок, всушност се нивните изблици на страв од губење на контролата и доаѓање на период на одговорност за сторените криминали.

Сите знаат дека драмолетката и циркусот со Уставен суд е, исто така, режија на ДУИ за политичка и медиумска видливост и дефокусирање на јавноста. Се што СДС и ДУИ прават и правеле во изминатиот период, е за да се спасат од одговорноста која им следи за сиот криминал направен изминатите години, и за тоа не бираат средства и ги користат дури и најсензитивните теми, како меѓуетничките односи.

Одговорност за сторените криминали и корупција од страна на челниците на СДС и ДУИ мора да има, а за тоа е потребно само судиите и обвинителите да почнат да работата по закон.

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibomistanbul escort