Технички проблеми во германската контрола на летови ќе предизвикаат потешкотии во европскиот воздушен простор во текот на денот, соопшти операторот на аеродромот во Франкфурт.

Како што пренесува „Билд“ сѕанува збор за софтверски проблем.

Затоа, ќе има доцнења во операциите и откажувања на летови и на аеродромот во Франкфурт – наведе операторот на својата веб-страница, пренесува „Ројтерс“.

Проблемите биле пријавени во центарот за контрола на летање во Ланген, седиште на германската компанија за воздушна навигација „ДФС“, чии контролори го следат полетувањето и слетувањето на авионите на 15 меѓународни аеродроми во Германија.

Центарот Ланген го контролира воздушниот простор во централна Германија со важни аеродроми како Дизелдорф, Келн и Франкфурт. Областа се протега од Касел до езерото Констанца и од француската граница до Тирингија. Летовите не се погодени од проблемот затоа што ги надгледуваат контролорите во центарот во Карлсруе.

„Ројтерс“ пишува дека поради проблемите на германскиот контролор на летовите се очекува прекин на патувањето низ Европа.

Според „Фрапорт“, поради овој проблем е зафатен целиот европски воздушен простор. Во Франкфурт има доцнења и изолирани откажувања на летови, објави аеродромскиот оператор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.